Груевски во Сопиште: Вториот крак од Усјански канал за жал е стопиран поради ребалансот на буџетот на новата влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес е во посета на општината Сопиште.
-Во Сопиште само од локалната самoуправа се асфалтирани 20 километри патна мрежа. Ја посетив асфалтираната ул. 12 во Долно Соње, асфалтираната улица 11 во Горно Соње. Наредната недела предвидено е почеток на изградба на повеќенаменско игралиште во Ракотинци. Пред една недела е завршено асфалтирањето на втората фаза од регионалниот пат од Сопиште до Говрлево. Овој проект беше побаран од сите населени места што ги посетив во 2015 година. Се опфатени и 2 фекални колектори. Веќе се реализираше делот од Кисела Вода до Сопиште преку Припор, додека вториот крак од Усјански канал до Сопиште кој за жал е стопиран поради ребалансот на буџетот на новата влада, напиша Груевски на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа