Поповски: И советници од СДС го обвинуваат Жерновски дека тоне во корупција- со пари на центарци си шетал низ Европа

Деновиве сме сведоци на обелоденување на огромни скандали поврзани со Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски. Овие скандали ни ги откриваат токму неговите најблиски соработници. Советници од СДС го обвинуваат Жерновски дека тоне во корупција. Советници од СДС го јавно го прашуваат за поткуп од 200.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Го прозиваат дека не може да се добие никаква маркичка или решение без да се плати. Тие што го знаат најдобро, му го знаат и системот. Велат дека се одело преку неговиот возач. Мирослав Шиповиќ изминативе денови јавно проговори за расипничкото однесување на градоначалникот Жерновски. Градоначалникот на општина Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари, истакна Зоран Поповски и додаде:

-Во информациите објавени од страна на Шиповиќ има доста работа за надлежниот Јавен обвинител. Ваквите сериозни наводи не смее да останат само на напишаното и да се третираат како вербално препукување, туку мора сериозно да се истражат. Правната држава и судовите сега се под притисок од СДС и се плашат. Кога ќе замине СДС од власт правната држава ќе се врати и одговорност ќе има за секој криминал.
Жерновски и СДС претставуваат класичен пример како не треба да се управува со една општина.

Граѓаните од општина Центар, рече Поповски, знаат дека Жерновски и СДС не реализираа ништо што ветија, ниту некогаш ќе реализираат нешто. -Центарци гледаат дека се што доаѓа од СДС е една голема лага. Центарци на 15-ти октомври ќе им кажат НЕ на Жерновски и СДС.

 

 

 

 

25.08.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега