„СДС со парите кои ги подигна можеше да набави 33.400 инкубатори кои би спасиле детски живот“

Со парите кои ги подигна СДС можеше да се набават околу 33.400 нови инкубатори кои би спасиле детски живот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Набавка на еден современ инкубатор чини околу 10.000 евра. За неполни три месеци неспособната влада на СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигна 334 милиони евра. Со парите кои ги подигна СДС можеше да се набават околу 33.400 нови инкубатори кои би спасиле детски живот.

Нови инкубатори не се набавија, а парите со кои СДС ја задолжи државата едноставно испарија.

Единствено што на владата на Зоран Заев им успева е да ја задолжуваат државата и граѓаните.

Каде испарија народните пари во вредност околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност?

Ова прашање граѓаните секојдневно го упатуваат до неспособната влада на Заев, но одговорот го нема.

Згора на тоа неспособната влада на Зоран Заев не го послуша гласот и барањата на народот и одлучи да си ги задоволи своите алчни апетити и народните пари ги искористија за луксузирање и покривање на партиските вработувања по институциите.

 

Владата на СДС поради непосветеноста и негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го види на 15-ти октомври кога Заев и криминалната врхушка околу него, жестоко ќе бидат поразени.

 

 

 

 

26.08.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега