Александрова: СДС повторно се обидува да профитира на грбот на граѓаните

 

Владата на СДС подготвува вистински шок за граѓаните со зголемување на цената на електричната енергија. Владата на Заев не размислува за доброто на граѓаните, туку за сопствениците на фирмите за трговија со електрична енергија од неговата Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Заев ги манипулира граѓаните со ветување за два часа ефтина тарифа во период од 14 часот до 16 часот, период  кој практично е неадекватен, бидејќи е период кога повеќето од граѓаните се надвор од домот и ги извршуваат своите работни активности. Таа појаснува дека тој период нема практична употреба, а тој ќе предизвика низа трошоци, кои ќе значат поскапа електрична енергија во целост.

-Ваквата активност на Владата ќе предизвика трошок кај ЕВН за  прилагодување на над 800.000 броила. Трошокот на кој ќе подлежи ЕВН истата лесно ќе го искомпензира, на грбот на граѓаните, со барање за покачување на цената на електричната енергија до Регулаторна комисија, со што цената во целост ќе се покачи. Дополнително најавената либерализација на пазарот на електрична енергија, кои според информациите кои проструија во јавноста се планирани со новиот закон за енергетика, неминовно ќе се предизвика покачување на цената на електричната енергија. Ова е уште еден доказ дека СДС не размислува за граѓаните, посочи Александрова.

Според неа, пресметките се дека, доколку дојде до целосна либерализација на пазарот, тогаш граѓаните ќе плаќаат и до 20 отсто поскапа електрична енергија.

-Либерализацијата на пазарот ќе значи изедначување на цената на електричната енергија во Република Македонија, со таа во ЕУ. Имено за на граѓаните да им биде појасно, треба да знаат дека просекот на цената на електрична енергија во Република Македонија во последните три години е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ. Со други зборови, граѓаните во моментов плаќаат по 5 денари киловат час електрична енергија, додека граѓаните на Европската Унијата плаќаат околу 12,5 денари за киловат час. Што нема да биде случај доколку дојде до целосна либерализација на пазарот. Игрите на СДС со енергетиката и се добро познати на јавноста. Јавноста памети дека последниот пат кога СДС беше на власт ја направи фамозната зделка наречена „бомбона бизнис“, со што ја продаде државната ЕСМ и предизвика покачување на цената на електричната енергија, исто и тогаш како и сега, СДС велеше дека до покачување на струјата нема да дојде, што се испостави како една голема и сурова лага, потенцира Александрова.

Истакнува дека граѓаните  се прашуваат дали ЕЛЕМ е новиот „бомбона бизнис“.

-Владата на СДС треба да им одговори на граѓаните дали се вистинити гласините дека Заев по советите на Обрадовиќ ќе ја приватизира и државната ЕЛЕМ и со тоа ќе предизвика низа на покачувања на електричната енергија во наредниот период. СДС повторно ги лаже граѓаните. СДС повторно се обидува да профитира на грбот на граѓаните, рече Александрова.

Таа побара Владата на СДСМ да излезе и да објасни што точно планира.

 

 

 

05.09.2017 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега