Цуклев: Тевдовски од опозиција се залагаше за намалување на долгот, а со осмата аукција Македонија ја задолжи за 1,7 милијарди денари

 

Нов вторник, ново задолжување на расипничката влада. Денес министерот за задолжување Драган Тевдовски преку аукција на државни хартии од вредност не задолжи со нови  1.7 милијарди денари или над 27 милиони евра. Од нив околу 300 милиони денари се нов долг бидејќи се разликата од реализираната аукција и доспеаниот долг. Ново нето задолжување од нови 300 милиони денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Драган Цуклев, иако Тевдовски од опозиција се залагаше за намалување на долгот, ова е 8-ма аукција која ја организира откако стана министер, а до крај на година планира уште 8 задолжувања.

-Тоа е успехот на СДС, својата неспособност да ја покрива со нов товар врз грбот на граѓаните. Иако СДС и нивните контролирани медиуми аукциите ги сметаа за расипништво, сега гледаме дека прават вакво расипништво секоја недела. Расипничката влада на СДС за три месеци потроши околу 350 милиони евра што по основ на аукции, што по основ на топење на 126 милиони евра девизните резерви. Народот не виде ни евро од овие пари, истакна Цуклев.

Потенцира дека безмилосното задолжување на СДСМ не донесе ниту нови градинки, ниту нови училишта, ниту нови болници, ниту нови патишта.

-Каде отидоа парите? Дали овие пари освен за плаќање дебели хонорари на шарени револуционери, кумашинци, твитерџии, или за луксузирање или можеби се планирани за безмилосно корумпирање на гласачите?, прашува Цуклев.

Според него, логично е ова стравување, бидејќи антиреформската влада на СДСМ со погрешните политики и антидржавните потези доволно направи да го сруши својот углед, па сега мора згора на се да се задолжува за да се вади непосредно пред изборите.

-Тоа нема да им помине. Граѓаните само за три месеци ја видоа целата нивна неспособност, негрижа и незнаење и свесни се дека ако вака продолжи СДС да работи прашање на време е кога ќе ни се случи грчко сценарио, економска катаклизма и распад во стопанството, рече Цуклев.

 

 

 

05.09.2017 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега