Стевананџија: Наведнатата глава на пратениците од СДСМ доволно говори за катастрофалниот Закон за јазици

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија денес на Комисијата за европски прашања на која што се разгледува Законот за јазици побара од пратениците од СДСМ наместо да седат со наведната глава да објаснат кои се штетите кои ќе ги трпи Македонија од воведувањето на албанскиот како втор официјален јазик во државата.

-Хаосот ја надвладеа правдата, шверцерството ја надмина легислативата, предизборните ветувања и ситните маркетиншки трикови ги фрлија во сенка интересите на граѓаните. Како дојдовме до оваа законско решение?! Пред изборите, лидерот на СДСМ Заев од Прилеп рече дека не би било лошо во музичкото училиште да се учи албански јазик. Во ред, не сме против, политиката е борба на предлози и мислења. Но, потоа претствници на СДСМ не убедуваа дека ова било лапсус и дека законот нема да важел на цела територија, рече Стевананџија.

 

 

 

07.09.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега