Кавадарци: Прегазил жена со автомобилот и побегнал

Тешки повреди на ногата заработила 63-годишната В.С од Кавадарци откако во неа утринава удрил автомобил. Веднаш по несреќата, возачот избегал, објави порталот Дума.
 
Несреќата се случила на улица Охридска бр.18 во Кавадарци додека В.С работела на улицата пред нејзиниот двор.
 
На повредената жена на помош и дошле соседите, и пружиле помош па ја пренеле во кавадаречката болница каде лекарите констатирале тешка повреда на ногата. Од кавадаречката полиција го потврдија настанот и интензивно трагаат по возачот кој откако ја повреди жената и побегнал.
24.08.2013 - 15:49

најчитано сега