Милошоски: Интерпелацијата за Димитров е со цел да се спречи распродавањето на државните и национални интереси

 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која што на дневен ред е интерпелацијата поднесена за министерот за надворешни работи, рече дека Димитров во ниту еден момент од неговиот избор не се ставил во одбрана на државните и национални интереси на Република Македонија, напротив преку договорот со Бугарија ја стави македонија во многу понеповолна ситуација.

Милошоски додаде дека Димитров со отстранувањето на Александар Николовски кој што требаше да биде назначен за амбасадор во ЕУ покажа дека оваа Влада нема намера заеднички со опозицијата да ја носи Македонија напред.

-Господинот Никола Димитров како министер за надворешни работи потпиша договор со соседна Република Бугарија кој што за Бугарија е многу поволен, а за Република Македонија е штетен. Господинот Никола Димитров како министер за надворешни работи по однос на евроинтеграциите пред Комисијата за надворешна политика промовираше принцип на инклузивност каде што власта и опозицијата ќе работат заедно, а на првата прилика каде што можеше да ја покаже таа инклузивност без ниеден законски основ го отстрани Александар Николовски кој што ги помина сите процедури да биде амбасадор на Република Македонија во Европската Унија. По однос на регионалната соработка имаме тврдења од министерот Димитров дека позицијата на Република Македонија се подобрува во однос на соседите и регионално. Најдобриот одговор на ова прашање го дава средбата одржана на 13 јули во Солун каде што претседателот и министерот за надворешни работи на Србија, премиерот и министерот за надворешни работи на Грција, премиерот и министерката за надворешни на Бугарија имаа триратерална средба на која што разговараа за регионот, меѓудругото разговараа и за Македонија, а Македонија не е присутна. Третата работа е немањето на јасен и конкретен став по однос на темата за мигрантите, рече Милошоски.

 

 

 

11.09.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега