Убиен 77 годишен старец во Скопје?

77 годишен старец, вчера околу 17:30 часот бил пронајден мртов во својот дом на улицата Жегљане во Скопје, информира МВР. Според полицијата, на неговата глава биле констатирани бројни повреди, а семејството забележало и дека бил претурен целиот дом. Екипата на МВР извршила увид во домот на 77 годишниот Шуќо Ќ. во кој тој живеел сам. НЕговото тело е предадено на обдукција а од полиијцата велат дека во тек се мерки за расветлување на случајот

25.08.2013 - 11:36

најчитано сега