Страшна сообраќајка утрово во Македонија - излетале од пат, двајца повредени

Возач на автомобил и неговата сопатничка утрово се пренесени на скопските клиники со тешки телесни повреди, откако излетале од коловозот на автопатот Тетово-Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово околу два часот во близина на „тумчевишкиот надвозник“. Автомобил „БМВ“ што го управувал 25-годишниот Ј.Р. од скопско Грчец, загубил контрола и излетал во околните ниви, превртувајќи се неколку пати.

 

Во несреќата со тешки повреди се задобила и сопатничката, 29-годишната К.П. од Берово. Двајцата, првин биле згрижени во ургентното одделение во гостиварската болница, од каде како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, по овластување на јавен обвинител. Првично, причина за несреќата е неприлагодена брзина, а вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари.

 

 

 

29.09.2017 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега