Интернетот преплавен со веста за смртта на Јованка Броз

 

Неколку босански интернет портали вчера вечерта објавија дека починала Јованка Броз, вдовицата на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Од Ургентниот Центар во Србија, пак, ја демантирале оваа вест.

Оваа лажна вест била објавена на десетина интернет портали, на кои вчера не осамнаа никакви детали околу наводната смрт. Според mojevijesti.ba, лажната вест потекнала од познат хрватски новинар, кој за “смртта“ на Јованка Броз, напишал на друштвената мрежа “Твитер“, и подоцна си ја повлекол информацијата. Медиумите кои го следат новинарот на Твитер, ја преземале и објавиле оваа информација за сопругата на Јосип Броз Тито.

 

26.08.2013 - 09:21

најчитано сега