Крвава тепачка синоќа во Скопје

Во 22 часот и 50 минути во Скопје, 29-годишниот М.М.  од Скопје, пријавил дека околу  22 часот и 20 минути  на булеварот “Јане Сандански“ во угостителски објект заедно со неговиот брат, 22-годишниот С.М. а по претходна расправија, биле физички нападнати од страна на три непознати лица.

Напаѓачите ги удирале со тупаници  во пределот на телото, додека С.М. бил удрен и со стаклено шише во пределот на главата.

На М.М. му биле нанесени видливи повреди во вид на црвенило , а на С.М. му била нанесена видлива повреда во вид на расекотина на главата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

30.09.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега