Возач одбил да даде патни исправи и нападнал полицаец на Партизанска

Синоќе во 20 часот и 30 минути во Скопје на булевар „Партизански Одреди“ полициски службеници при извршување на работни задачи сопреле патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистерски таблици.

Лицето кое го управувало возилото не сакало да даде на увид лични и сообраќајни документи за идентификација, по што два пати го удрил со рака едниот од полициските службеници.

По ова лицето било приведено во полициската станица во Кисела Вода, каде било утврдено дека се работи за 24- годишниот А.А од Скопје.

По целосно расчистување и документирање на настанот против истиот ке биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

02.10.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега