Сообраќајка кај Кочани: Удрил во знак и се превртел во канал

Вчера во 11 часот и 50 минути на магистралниот пат Кочани–Штип во непосредна близина на излезот од село Чардаклија кон Кочани, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Тојота Ајго“ со штипски регистерски таблици управувано од 76- годишниот Ј.Г од село Карбинци, удрило во сообраќаен знак и се превртело во блискиот канал за вода.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Г. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката Болница во Штип, каде бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.10.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега