ФОТО: МВР преку медиумите бара информации за осомничени за нередите во Собранието


Полицијата бара информации за осомничени лица за нередите во Собранието. Од МВР бараат граѓаните да дадат информации доколку ги познаваат овие лица.

„Заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство –Скопје, а во врска со кривично правниот настан од 27.04.2017 година случен во Собранието на Република Македонија, по претходно одобрение од Јавниот обвинител се врши јавна објава на фотографии за три лица кои што се важни за постапката.

 

За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице,,  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство . “ - стои во соопштението на полицијата

 

 

 

17.10.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега