Мртов маж пронајден во хотел во Скопје

Скопјанецот 75- годишниот Р.Р вчера попладне бил пронајден мртов во апартман во хотел во Скопје.

Од полицијата информираат дека според првичните информации на безживотното тело на скопјанецот не се забележани траги на насилство.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

 

 

 

 

18.10.2017 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега