Трагедија во Македонија, маж пронајден мртов

Шеесет годишниот битолчанец К.Л. вчера околу пладне бил пронајден починат во атар на селото Братин Дол.

Како што информираат денес од полицијата, телото на мажот било пронајдено во бунар на викендица во селото.

 

Смртта била констатирана од страна на лекар. Неофицијално, на телото на починатиот не биле забележани траги на насилство.

Телото е предадено на обдукција, по која се очекува да бидат познати причините за смртта и како телото на починатиот маж завршило во бунарот.

 

 

 

18.10.2017 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега