Несреќа во Кондово: Почина работник по пад од скеле

Градежен работник починал вчера во Ургентниот центар во Скопје откако претходно паднал од скеле при изведување на градежни работи на куќа.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера околу 13 часот и 45 минути, а 59 годишниот Н.И. од скопско Кондово по падот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде подоцна им подлегнал на повредите.

 

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

 

 

 

18.10.2017 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега