Нова акција на МВР: Серија апсења за нападот врз Села

Брза и масовна била реакцијата на граѓаните што помогнале во идентификувањето и во пронаоѓањето на трите лица осомничени за учество во насилствата во Собранието, од 27 април, за кои МВР, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, вчера објави фотографии на својата интернет-страница и побара помош од граѓаните, дознава „Мета“ од извори во истрагата.

Неофицијално, голем број граѓани експресно реагирале по објавувањето на фотографиите, со информации за осомничените лица. Реакции со поддршка имало и преку „Фејсбук“, а голем бил бројот на граѓани кои за кратко време се јавиле на бројот 192 со информации за осомничените, кои, како што дознаваме, се од Скопје.

Тие беа уапсени само неколку часа по објавувањето на фотографиите. Благодарност до совесните граѓаните за помошта во утврдувањето на идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени изрази и Јавното обвинителство, кое синоќа соопшти дека трите лица се лишени од слобода

 

 

 

 

 

18.10.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега