Страшна сообраќајка во Македонија, возило се заби во автобус

Во текот на вчерашниот ден во 07 часот и 30 минути на регионалниот пат Валандово – Струмица,  на влезот во селото Раброво, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Л.М. од Струмица и автобус „Мерцедес Спринтер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 59-годишниот Т.Б. од селото Пирава, валандовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.М. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Струмица и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово. 

 

 

 

18.10.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега