Лабораторијата за испитувања на културното наследство доби современа опрема

 

Македонија ќе има најсовремена лабораторија за хемиски и физички испитувања на културното наследство. Набавени се два нови апарата чија примена, како што рече денеска премиерот Никола Груевски, драстично ќе го зголемат стандардот на научното работење.

Новата, софистицирана опрема, истакна Груевски, значително ќе придонесе за натамошните истражувања на нашето културно наследство, особено за процесите на конзервирање и реставрирање.

- Ова е дел од владиниот проект кој предвидува опремување на преку 90 лаборатории за истражувачки, научни и наставни цели во различни сектори, истакна Груевски.

Досега лабораторијата која функционира во рамки на Музејот на Македонија, располагаше со опрема стара повеќе одн 30 години.

27.08.2013 - 14:51
Фото: 
влада.мк

најчитано сега