ВМРО-ДПМНЕ: Кредибилитетот на Спасовски и СДС да предлагаат мерки за контрола на следењето на комуникации е еднаков на нула
СДС и СЈО го ослободија од притвор и кривичен прогон Верушевски, кредибилетот на Спасовски да зборува за контрола на мерките на следење е еднаков на нула
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека човекот кој го организираше и реализираше незаконското следење на комуникациите и во аферата “Големо уво” и во аферата “Пуч” сега е советник во владата на Зоран Заев.
-СДС и СЈО го ослободија од притвор Зоран Верушевски и се откажаа од кривичен прогон на останатите членови на неговото злосторничко здружение. Затоа кредибилитетот на Спасовски и СДС да предлагаат мерки за контрола на следењето на комуникации е еднаков на нула, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека политичката злоупотреба на незаконско прислушкување во минатото е патент и знак на препознавање на СДС. Впрочем Спасовски не негираше дека и во моментов се прави истото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС се користи со методи на политички прогон специфични за минатиот век. ВМРО-ДПМНЕ е на удар на службите на државата кои се злоупотребуваат за партиски потреби. Спасовски и СДС под превезот на демократијата ги газат човековите прави и слободи. Правната држава е девалвирана, а правото не се почитува. СДС треба да знае дека за секое законско прекршување ќе има одговорност со враќањето на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа