ВМРО-ДПМНЕ: Кој е вистинскиот убиец на Јанушев и кој му овозможи да ја напушти државата?
15 дена убиецот кој ладнокрвно го ликвидираше младиот Мартин Јанушев е на слобода. Никој не знае ни каде се наоѓа, ни кој му помогнал да избега. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисоките врвови на власта, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Така е затоа што криминалците се ослободуваа и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не смеат да ги гонат. Затоа може некој да убие момче на улица и 15 дена да биде недостапен за полицијата. На Оливер Спасовски му требаа две недели да излезе со некакво име за наводниот сторителот на ладнокрвното убиство и да ја убедува јавноста дека токму за него имал „несоборливи докази“. Оливер Спасовски нема несоборливи докази, туку си ја има само мувата на капата затоа што убиецот и сите негови помагачи се шетаат слободно и ја поминаа границата благодарение на помошта што им беше дадена, а целата јавност во рок од половина час знаеше кој е сторител. Останува неодговорено кој е вистинскиот убиец? Кој му овозможи да избега и како ја напушти државата. Цела јавност говореше дека МВР купува време за да смисли конструкција и да ги покрива криминалците кои соработуваа со нив. Затоа никој не е приведен. Затоа нема одговорност ниту од оние кои ослободувале затвореници, доколку затвореник навистина бил инволвиран во егзекуцијата на каков било начин. Уште колку млади момчиња треба да бидат убиени и уште колку убијци треба да се шетаат на слобода за Оливер Спасовски да си даде оставка, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа