Груби: Од Алијанса на Албанците не зависи ништо - пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат реформските процеси

 

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби во вечерашното издание на „Само Вистина“ посочи дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се стабилни и без Алијансата на Албанците.

- Двата пратеника на Села веќе не се потребни за парламентарно мнозинство бидејќи одредени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од нивната коалиција ќе гласаат за закони поврзани со  реформските процеси на актуелната влада, рече Груби.

Груби изјави дека ДУИ нема некои посебни претензии кон ресорот здравство, во контекст на најавите дека Алијансата на Села би го задржала овој ресор и по одењето на Таравари за градоначалник на Гостивар.

- Дали ќе има реконструкција на владата или ќе има само замена на имињата во испразнетите владини ресори, разговараат Заев и Ахмети, рече Груби, и дека само од нивниот договор ќе зависи во иднина партиципацијата на Алијансата во владината коалиција.

- Стабилно мнозинство во парламентот имаме и со Села и без Села, децидно порача Груби.

Тој е изненаден од тоа што коалициониот партнер ДОМ, на Лилјана Поповска не гласала за потребата од носење закон за употреба на јазиците, но рече дека некои разговарале со неа и дека тоа ќе се поправело. Законот за употреба на јазиците не е во насока на федерализација на државата или кон натамошни поделби туку сите активности и заложби на ДУИ се Македонија што побрзо да стане респектабилен член на евро-атлантската заедница. 

 

 

 

17.11.2017 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега