Тренов: Владата на СДС удри по земјоделците, ќе се воведе плаќање персонален данок на доход

 

Продолжува неодговорното работење на владата на СДС од кое се предизвикува директна штета на стандардот на граѓаните. Откако се покачија акцизите, откако се најави покачување на даноците сега антиреформската влада на Зоран Заев предвидува и нови давачки, вели Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тој посочува дека овојпат на удар ќе бидат земјоделците.

-Имено Владата со цел да ја покрие својата неспособност да раководи со државната економија, ќе удри по џебот на земјоделците и ќе им воведе да плаќаат персонален данок на доход за секој продаден килограм од своите производи. На списокот за оданочување Владата ги стави и земјоделските производи, без оглед на вкупно произведената и продадена количина што претставува уште една неправда кон земјоделците. Ова значи дека дополнително ќе се руши стандардот на земјоделците кои, заради неодговорниот однос на неспособната Влада, веќе се соочуваат со куп големи проблеми со откупот и цените на производите, најавата за кратење на субвенциите за 24 милиони евра со нивно условување за зголемено производство, и обештетувањето од временските непогоди. Овој пат непогодата наречена Влада на Зоран Заев ќе ги оданочува за секој килограм произведен продукт, вели Тренов.

Тренов прашува дали ова ли е животот кој им го најавуваше Заев на земјоделците? Во текот на кампањата не споменаа воведување на вакво оданочување на земјоделците, за сега да им го испорачаат. Каде е дебата и консултацијата со земјоделците за нешто што нив директно ги засега?

-Очигледно на штета на земјоделците ќе се полни буџетот на државата со кој Заев потоа ќе вработува партиски војници, твитерџии, ќе плаќа бизнис зделки на ним блиски фирми и слично. Малку им беше што потрошија 610 милиони евра од задолжувањата и девизните резерви, па уште почнаа да собираат арач на категориите граѓани како што се земјоделците. Ова само што почна, допрва секој граѓанин, освен елитата на СДС, ќе почнат да чуствуваат што значи неспособноста и неодговорноста на партијата на власт, нагласува Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

18.11.2017 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега