Стојаноски: СДС со ребалансот ги скрати средствата предвидени за изградба на студентски домови

 

Јавноста е се поуверена дека СДС бесрамно лежеше во текот на кампањата. Тие покажуваа лажно душегрижништво и ветуваа брда и долини, а сега кога се на власт прават сосема спротивно, вели Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС, Заев, Богоев, Атанасов и другите лицемери во СДС ветуваа изградба на студентски град во Скопје со фитнес сали, библиотеки, читални, кино сали, ресторани, па дури и нови студенстки домови во Битола Штип и Тетово. Да биде уште поочигледна нивната лага тие за во Штип ветуваа студенстки кампус за сместување до 300 легла и тоа до крајот на 2017 година. За тоа колку им биле приоритет студентите и нивниот стандард говори фактот што со најновата пренамена на средства, или ако сакате мини ребаланс кој набрзина и тајно го прекрои владата на Заев,  беа скратени уште 55 милиони денари или скоро 1 милион евра од средствата предвидени за изградба на студентски домови, потенцира Стојаноски.

Тој додава и дека ова значи дека наместо нов студенстки дом до крајот на 2017 година, како што ветуваа СДС, ќе се скратат парите и за реновирање и поправка на постоечките сместувачки капацитети. Студентите како и останатите граѓани беа излажани. Неодговорната власт на Заев и СДС се задолжува и троши стотици милиони евра, а и тие средства кои беа наменети за студентите сега се пренаменуваат за други цели.

 

 

 

19.11.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега