Александрова: Ветувањата на СДС се само еден куп лаги

 

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДС им ветуваа на граѓаните живот и плата од 500 евра, а граѓаните добија само сиромаштија, покачување на акциза, покачување на даноците, милионски задолжувања и хаос во институциите.

-Заев и СДС ги излажаа граѓаните. Ветуваа 500 евра просечна плата, а платата откако дојдоа на власт се намалуваше. Заев и СДС ги излажаа и докторите. Ветуваа 100.000 денари плата за докторите специјалисти, а кога дојде ред да се спроведе им го свртеа грбот на докторите. Заев и СДС државата ја задолжија над 600 милиони евра, а со новиот Буџет во 2018 Македонија ќе биде задолжена над 1 и пол милијарда евра. И на толку задолжувања сепак нема ниту просечна плата од 500 евра, ниту 100.000 денари плата за докторите, изјави Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

Александрова кажа дека очигледно СДС вешто ги изманипулира граѓаните, а за сметка на тоа си ги полнат своите лични сметки по примерот на газда Кочо Анѓушев.

-Додека СДС и Заев се луксузираат и ги распродаваат националните интереси, граѓаните чекаат СДС да ги исполнат ветувањата за 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите, повисоките пензии. Ветувањата на СДС се само еден куп лаги. Граѓаните веќе се свесни дека се излажани од СДС и дека нема да исполнат ниту едно ветување, изјави Александрова.

 

 

 

24.11.2017 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега