Груевски повторно заедно со граѓаните на протест пред Министерството за правда
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и оваа вечер, како и претходните, присуствуваше на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.
Тој заедно со граѓаните ги слушна пораките кои ги упатија говорниците на протестот. -Се бара безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, како и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
Груевски присуствуваше и на сите претходни протести кои се одржуваа пред Министерството за правда, Кривичниот суд и затворот во Шуто Оризари.
Инаку, протестите продолжуваат и утре во 18 часот пред Министерството за правда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа