Момчило Краишник денеска излегува од затвор

 

 

Поранешниот претседател на Парламентот на Република Српска Момчило Краишник денеска ќе биде ослободен од затвор, бидејќи издржа две третини од казната.

Тој се наоѓа во притворот на Хашкиот трибунал од април 2000 година. За почеток на судењето чекаше повеќе од четири години, а медиумите своевремено објавуваа дека за подготовката на неговиот судски процес биле потрошени повеќе од еден милион долари, бидејќи, меѓу другото, му беше сменет и адвокатот.

Краишник првостепено беше осуден на 27 години затвор за извршени злосторства врз несрпско население за време на војната во Босна, а Жалбениот совет на Хашкиот трибунал на 17 мај 2009 година му изрече казна од 20 години.

Казната од 2009 година ја издржуваше во затвор во Англија, од каде подоцна е префрлен во Велс.

Краишник е еден од основачите на Српската демократска партија во БиХ, а по првите повеќепартиски избори БиХ на 19 декември 1990 година, тој е избран за претседател на Парламентот на БиХ. На почетокот на 1992 година, кога е формирано Народното собрание на РС, избран е за прв човек на Парламентот.

На изборите во септември 1996 година, како претставник на РС, беше избран за еден од тројцата членови на Претседателството на БиХ. 

30.08.2013 - 11:12

најчитано сега