Тунтев: Ќе го донесеме буџетот и без опозицијата

 

На 22 декември без присуство на опозицијата парламентарното мнозинство ќе го донесе Предлог-буџетот за 2018 година - изјави денеска координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев.

Денешната седница беше одложена поради како што вели тој, објективни причини и неодложни активности на дел од претставниците-членови на Владата и оти седницата се презакажува за 22 декември.

- Ова соопштение го добивме веднаш по пристигнувањето во Собранието. Се работи за гостување на голем дел од Владата на заедничка седница со Владата на Република Албанија. Ние бевме подготвени денеска да започне дебатата за буџетот, рече Тунтев. 

Според Тунтев, владејачкото мнозинство се надевало дека опозицијата ќе се врати во Парламентот и дека ќе има пет дена за буџетот.

- Добивме информација дека опозицијата нема да учествува на седницата за Буџетот и заради тоа претпоставивме дека ако нема дебата на пленарна седница, нонсенс е или нелогично е да се држат пет дена или онолку колку што максимално дозволува Деловникот за работа. Претпоставивме дека во еден ден ќе биде сосема доволно ние како координатори на пратеничките групи уште еднаш да ги реафирмираме нашите ставови во однос на овој буџет, изјави Тунтев.  

 

 

 

15.12.2017 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега