Внимавајте кога порачувате на Интернет: Тетовчанец измамен, му земале 90.000

30-годишниот Б.А. од село Пирок- тетовско пријавил злоупотреба на неговата платежна картичка од страна на непознати сторители.

На 07.11.2017 година, преку социјална мрежа нарачал мобилен телефон и ги внел личните податоци и бројот на платежната картичка, издадена од една од банките во Тетово.

Кога по извесно време ја проверил состојбата на сметката, констатирал дека во периодот од 20.11.-27.11.2017, во девет наврати од истата му биле подигнати 90.218 денари.

Се работи на целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

26.12.2017 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега