Полиција при претрес во куќа во Росоман пронајде оружје

Четири пушки биле одземени при претрес кај жител на росоманското село Сирково, информацијата денеска ја потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

- На 23 овој месец во времето од 05:50 до 08:00 часот во селото Сирково, во домот на 35-годишниот З.Н., при вршење на претрес по наредба од Основен суд Велес, пронајдени биле и одземени пневматски пушки марка „славија М77” со калибар 4,5 мм и пневматска пушка од чехословачко производство, како и две рачно изработени пушки, рече Додевски.

Пушките се одземени, а против сопственикот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство. 

 

 

 

26.12.2017 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега