Крадците на автомобили не запираат: тетовчанец отишол да пазари, останал без возило

Завчера околу 19 часот, 49-годишниот Ш.Р. од Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ во Тетово од страна на непознати сторители било одземено неговото патничко моторно возило „Пасат“ со тетовски регистерски ознаки.

Возилото било незаклучено и во погон, а тој се симнал нешто да купи и кога се вратил, веќе го немало на тоа место.

Во возилото имал повеќе документи и мобилен телефон.

Околу 01,20 часот одземеното возило било пронајдено на паркинг пред зграда на улица „Мара Угринова“ во Гостивар. 

 

 

 

27.12.2017 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега