Пензионер уапсен на Граничниот Табановце

Во 13 часот и 10 минути вчера на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека 64-годишниот В.Ш. од село Вевчани се наоѓа на СТОП- листа за издржување казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, по член 292 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Лицето било лишено од слобода и со потврда било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

27.12.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега