Тачи: Во Сирија е неопходна меѓународна интервенција
Премиерот на Косово Хашим Тачи во писмено соопштение изрази став дека меѓународна интервенција во Сирија е неопходна.
„ Војната во Сирија, во која во само последните неколку дена илјадници луѓе ги изгубија животите, меѓу кои и стотици деца, најдобро укажува на потребата од меѓународна интервенција во таа земја. Иако Косово и Сирија се два различни случаи, хуманитарната интервенција се покажува како единствено, праведно, хумано решение со кое се поддржува демократијата во светот“, наведе косовскиот премиер.
„Интервенцијата, со која би се запреле нападите на Башар ал Асад против сопствениот народ, е неопходна, со цел да се пружи поддршка на сирискиот народ во нивните напори за слобода, демократско уредување, владеење на правото и човекови права, оценува Тачи.