Ќе убиел двајца скопјани за една плата - драма во „Златно зрно“
30 годишниот скопјанец Т.Б. вчера пријавил во полиција дека тој и неговата невенчана сопруга за влакно избегнале смрт.
Според него, тој и неговата невенчана сопруга, 35 годишната скопјанка С.Ј., отишле во фабричкиот погон на „Златно зрно“, за таа да земе плата од сопственикот. Кога влегле внатре,таа побарала 17.000 денари, но сопственикот одбил да и даде пари. Настанала расправија меѓу нив, во која бесниот сопственик од шкаф извадил пушка „Хунтер“ калибар 4,5 мм со оптички нишан, ја вперил кон двајцата, заканувајќи им се дека ако не излезат од просторијата ќе ги убие.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
01.09.2013 - 13:08