Отишле да конфискуваат украдени предети се вратиле распарталени - двајца полицајци се судрија со тетовчанец

 

Вчера се случила вистинска драма во тетовското село Пирок.

Како што информираат од полицијата, двајца полициски службеници отишле во дворот на 69 годишниот Е.М. за да одземат предмети кои потекнуваат од кражба, но, таму налетале на бес и лутина.

Е.М. и неговиот 16 годишен син Ф.М. почнале да ги омаловажуваат полициските службеници, а потоа Е.М. фатил еден од полициските службеници за блузата, му ја искинал и се обидел физички да го нападне. Таткото и синот биле доведени во послушност и приведени во тетовската полиција. Тие ќе си заработат соодветни пријави.

01.09.2013 - 14:24

најчитано сега