Ѓорчев: За време на владата на СДСМ цената отиде од 46 на 60 денари- Заев и Тевдовски да ја укинат акцизата

 

Сведоци сме дека од доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт, цената на дизелот во Македонија е зголемена за 30 проценти. Истовремено дополнително е обременета со зголемувањето на акцизата од 3,5 денари по литар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги повикуваме и Зоран Заев како премиер и Драган Тевдовски како министер за финансии веднаш и неодложно да ја укинат акцизата која што ја зголемија од 1 јануари. Затоа што цената на бензините и на дизелот се неиздржливи за граѓаните на Република Македонија. Наследија цена на дизелот за 46 денари, а веќе денес цената на литар дизел е 60 денари, истакна Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„За време на владата на СДСМ цената отиде од 46 на 60 денари. Тоа е зголемување ни помалку ни повеќе од 30 проценти. Значи премиерствувањето и министерувањето на Зоран Заев и Драган Тевдовски ги чини граѓаните на Република Македонија 30 проценти зголемена цена на бензинот и дизелот. Од тие причини веднаш нека ја укинат акцизата која што ја наметнаа, да се однесуваат рационално и да придонесат за растеретување на овие енормни трошоци кои што ги има секое домаќинство во Република Македонија, секое семејство, секоја транспортна фирма и вкупно економијата во целост“.

Ние, рече Ѓорчев, сме во ситуација каде што постепено фаќа инфлаторната спирала и како што се зголемува цената на дизелот и на бензините така ќе одат нагоре и сите други цени, а истовремено ја имаме и онаа зголемување на акциза која што се случи, која што е 3,5 денари од 1 јануари.

-Нека се откажат од тоа што го наметнаа како давачка на граѓаните нека го анулираат и нека им ја олеснат работата на семејствата, граѓаните и на стопанството.

 

 

 

23.01.2018 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега