Семејна драма во тетовско: Со фотографии ја уценувал да остане со него, па се обидела да се самоубие

 

Вчера во 13 часот, 47-годишниот Х.З. од село Горно Палчиште пријавил дека неговата 19-годишна ќерка била уценувана од 19-годишниот М.А. од Порој, со кого била во љубовна врска.

Нивната врска не била одобрувана од родителите, но тие сепак останале заедно.

М.А. повеќе пати ја уценувал девојката дека ќе објави нивни заеднички компромитирачки фотографии доколку не биде со него. Тој барал и добил пари и златен накит за неговото молчење. Минатата година значителен дел вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува.

На 23.01.2018 година таа им кажала на родителите, по што испила поголема количина разновидни таблети и во безсознание била префрлена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. М.А. бил повикан во поициска станица и со него бил извршен разговор.

Полицијата презема потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.01.2018 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега