Охриѓанец си изградил две куќи пред Охридското езеро без одобрение за градба

 

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ш.Г. од  Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“.

Пријавениот во текот на 2017 година на земјиште пред Охридското езеро,  без одобрение за градење од надлежен орган, изградил две викенд семејни куќи, за кои што на 05.12.2017 година, овластен инспектор, донел решение за отстранување на градбите.

 

 

 

25.01.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега