Не издржа: Уште едно лице почина по страшната сообраќајка кај Страцин
Уште едно лице им подегна на повредите по страшната сообраќајна несреќа која утрово пред 6 часот се случи кај селото Страцин, на магистралниот пат Крива Паланка Куманово. Според последните информации кои ги соопшти полицијата, на повредите им подлегнал и возачот на Тикото. Со тоа билансот на загинати се искачи на 3 лица, а уште 4 се повредени.
Како што веќе објавивме, во сообраќајката учествувале „Голф“ со косовски регистарски таблички,„БМВ“ со бугарски таблички и „Тико“ со кумановски регистрации.
03.09.2013 - 11:19