Мотор се заби во автомобил во Скопје - малолетно девојче заврши во болница
Вчера попладнето, околу 13 часот на улицата „Ферит Мурати“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот В.И. и моторцикл „Сузуки 600“ управувано од 20-годишниот Б.Л. соопштуваат од МВР.
Од сообраќајната незгода со повреди се здобил возачот на моторциклот, кој со возило на брза помош е пренесен во Градската општа болница „8-ми септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева подлактица и повреди на глава) и е задржан на понатамошно лекување. Исто така сопатничка од „Сеат Ибицата“ на возраст од 16 години, била пренесена во Градската општа болница „8-ми септември“, каде и биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа