Драма во Куманово - полицаец си ја претепал сопругата до бесознание
Вчера околу 20:30 часот во Куманово, во семејниот дом, В.Т. (полициски службеник) кој бил под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга, 31-годишната Н.Т., а потоа и физички ја нападнал, по што истата паднала во бессознание.
Како што информираат од МВР, В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.
Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
31.01.2018 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа