Пожар на бензинска: Целосно изгоре автомобил во тетовско
Синоќа, во 2 часот по полноќ часот на бензинска пумпа во село Боговиње, тетовско, од засега непознати причини се запалило патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годшниот Ф.Д. од село Мала Речица, тетовско.
Возилото се запалило во моментот кога влегло на бензинската пумпа и кога застанало. Веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица Тетово, но за кратко време возилото целосно изгорело, иако возачот и вработените на пумпата се обиделе да го изгаснат.
31.01.2018 - 13:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа