25 годишно момче загина на патот Куманово - Скопје

 

 Вчера околу 12:30 часот  се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Скопје, пред селото Љубадраг.

Во сообраќајката учествувале „Тико“,  зад чиј волан бил 24 годишниот В.Н. од Варовиште-кривопаланечко и автомобил „Фолксваген пасат“ управуван од 42 годишниот И.А. од Никуштак. Тешки повреди заработило 25 годишниот Игор. Н. од Варовиште, кој бил сопатник од „Тикото“. Момчето било пренесено во кумановскиот Медицински центар каде е констатирана смрт.

В.Н., И.А. и неговите сопатници А.А.(77) и Ш.А.(48) заработиле телесни повреди, но се надвор од животна опасност.

03.09.2013 - 12:23

најчитано сега