Ограбен поштар во Скопје додека разнесувал пратки
Вчера околу 10 часот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишниот А.Ф. од Скопје, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“.
Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
02.02.2018 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа