Пожар во скопско Драчево - изгоре дел од куќа
Вчера попладнето, околу 19:30 во куќа во населбата Драчево, на улица „Бранко Заревски“, во сопственост за 53-годишниот Б.Т. избувнал пожар. Според информации на МВР, додека тој седел во дневната соба во својот дом во еден момент пукнала плинска боца и потоа избувнал пожар при што била опожарена собата.
Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Драчево.
03.02.2018 - 11:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа