Камионџија задржан на граничниот премин „Стар Дојран“- цариниците забележале нешто необично
Вчера науто во 07 часот и 40 минути за влез во Македонија се пријавило товарно моторно возило “Ивеко“ со кумановски регистерски таблици и приклучно возило марка „Шмитз“ со кумановски регистерски таблици управувано од 37- годишниот А.К од Кратово.
При мерење на вагата покажало поголема оптовареност од вкупната тежина, поради што било задржано на Граничниот премин за вонреден претрес.
Околу 11 часот и 40 минути од страна на полициски службеници од Граничниот премин Стар Дојран биле забележани непознати лица како излегуваат од приклучното возило и се упатуваат кон Грција, при што истите биле приведени.
Притоа утврдено е дека се работи за две возрасни лица и три малолетни лица на возраст од 12, 14 и 16 години сите од Авганистан, како и едно полнолетно лице од Бангладеш.Според нивно кажување во возилото се качиле во Турција, се вели во соопштението од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот, а од полициски службеници од Регионалниот центар-Југ-Гевгелија и од Привремениот транзитен центар Гевгелија извршиле разговор со мигрантите и со возачот.
Мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар во Гевгелија.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа