Охриѓанка сопругот ја турнал по скали: "Молчи или ќе те убијам"

Охриѓанец ја тепал сопругата, ја турнал по скали и ѝ се заканил со убиство. Насилникот заработил кривична пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ј.К. од Охрид. Тој, казненото дело го сторил во текот на мај и декември минатата година со психичко и физичко малтретирање на неговата сопруга. При семејна вербална расправија случена на четврти декември минатата година, пријавениот и упатил сериозни закани на сопругата по што ја турнал по скалите во семејната зграда каде што живееле. Притоа, Ј.К. продолжил да и се заканува со убиство доколку веднаш не го напушти семејниот дом.

Семејното насилство веќе има галопирачки размери и претставува проблем што, институциите по се изгледа тешко го решаваат. Статистиките покажуваат дека најчести жртви на семејното насилство се жените-брачниот или интимниот партнер но и мајки и сестри, врз кои, својот бес и нервоза, мажите го искажуваат на најразлични насилни форми.

 

 

 

05.02.2018 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега