Драма во Скопје: И влегле дома, ја расекле со нож и ограбиле

Синоќа, околу 22 часот и 30 минути било пријавено дека во Скопје, на улицата „Архитект Никола Добровиќ“ две непознати лица влегле во домот на 26-годишната Ж.Т. и почнале да и се закануваат барајќи и пари.

Потоа ја турнале на подот и со нож и нанеле расекотини на десната нога и левата рака, по што го напуштиле местото на настанот.

Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

05.02.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега